Порака на Папата до перуанскиот и чилеанскиот народ

Порака на Папата до перуанскиот и чилеанскиот народ

Во видео порака на папата Фрањо упатена до народите во Чиле и Перу, на само неколку дена пред неговата апостолска посета во тие јужноамерикански земји, срдечно гo поздрави чилеанскиот и перуанскиот народ. Во пораката Папата истакнува дека доаѓа како ходочасник на радоста на Евангелието, како со сите би го поделил Господовиот мир и да ги зацврсти во надежта. Сакам да се сретнам со вас, да ве гледам во очи, да ги видам вашите лица и меѓу вас да ја доживеам Божјата близина, Неговата нежност и Неговото милосрдие, кое нѐ прегрнува и утешува – истакна Светиот Отец.

Папата напомена дека му е позната историјата на новите земји, која е исполента со истрајност и постојаност. Заедно со вас сакам да се заблагодарам на Бог за верата и љубовта кон Бог и кон браќата и сестрите кои се во најголема потреба – рече папата Фрањо и продолжи: Посебно се заблагодарувам за вашата љубов кон оние кои општеството ги отфрли. Културата на отфрлање сѐ повеќе и повеќе господари над нас. Сакам да соучествувам во вашите радости и таги, вашите тешкотии и надежи, и би сакал да ви кажам дека не сте сами, туку дека Папата е со вас, дека целата Црква ве прифаќа…

Папата Фрањо рече дека со нив сака да го доживее мирот кој доаѓа од Бог, а кој ни е многу потребен. Само Бог може да даде мир – напомена Папата. Тоа е дар кој Христос ни го дава на сите нас, тоа е темел на нашиот соживот и општество. Мирот се темели на праведноста и овозможува да најдеме можности за да го споделиме заедништвото и складноста. Треба постојано да го бараме мирот од Господ и Господ ќе ни го даде. Мирот на воскреснатиот е тој кој ни донесува радост и нѐ поттикнува да бидеме мисионери, оживувајќи го дарот на верата, која нѐ води кон средбата, кон братското заедништво на иста вера, која ја славиме и шириме – рече Папата.

Таа средба со Христсос Воскреснатиот ја потврдува во нас надежта. Не сакаме да останеме закотвени во работите од овој свет, туку нашиот поглед оди над сето тоа, нашите очи се упатени кон Неговото милосрдие, кое ги исцелува нашите беди. Само Тој нѐ надахнува да станеме и да продлжиме понатаму. Со рака да се допре таа Божја близина нѐ прави да бидеме жива заедница која може да ги поттикне оние кои се со нас и да се преземат конкретни чекори на пријателство и братство. Ние сме браќа и сестри кои одат во пресрет на другите како меѓусебно би се охрабриле во истата вера и надеж.

Ова апостолско патување како и сите накани кои ги носите во своите срца ги доверувам на Блажена Дева Марија, Мајка на Америка, таа како добра Мајка ги прифати и нѐ научи да одиме на патот кој води до нејзиниот Син – рече Папата и заврши: Не заборавајте да се молете за мене. Се гледаме наскоро!

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот