Порака на Папата до младите во САД: Секогаш гледајте кон хоризонтот

Папата Фрањо испрати видео порака до младите во американската бискупија Броунсвил, која се наоѓа на границата со Мексико и е едно од најсиромашните подрачја во Соединетите Американски Држави. Собирањето на младите во таа бискупија е организирано истовремено со Светскиот ден на младите кој започна вчера во Краков.

„Драги млади од бискупијата Броунсвил“ – рече Папата во пораката – „знам дека сте собрани во Тексас, многу блиску до Мексико, многу близу до Латинска Америка. И знам дека се собравте како би биле духовно соединети со Светскиот ден на млади во Краков. Сакам на ситевас да ви бидам близок. Сакам да ви кажам секогаш да гледате напред, секогаш да гледате кон хоризонтот; не дозволувајте животот да ви постави ѕидови, секогаш гледајте кон хоризонтот“.

„Секогаш имајте храброст да сакате повеќе, повеќе, повеќе… храбро, меѓутоа истовремено, не заборавете да погледнете назад на наследството кое го примивте од своите претци, од своите дедовци и баби, родители; на наследството на верата која ја имате сега во своите раце, додека гледате напред“ – рече папата Фрањо на младите.

„Знам дека некои од вас ќе ме прашаат: ‘Оче, да, ни велиш да гледаме на хорозонтот и да се сеќаваме на работи, меѓутоа што да правам денес?‘“ – забележа Светиот Отец, одговарајќи: „Играјте живот во полнота! Денес, соочете се со животот како ви доаѓа и правете добро на другите. Со зборови на денешницата, се игра игра во која нема место за замени: или си во екипата или си надвор. Земете ги сеќавањата кои ги наследивте, гледајте напред кон хоризонтот и денес фатете го животот и носете го напред, користете го продуктивно, правете го плоден“.

Бог ве повикува да бидете плодни! Бог ве повикува да го пренесувате тој живот на другите. Бог ве повикува да создавате надеж. Бог ве повикува да прифаќате милосрдие и да искажувате милосрдие на другите. Бог ве повикува да бидете среќни. Не плашете се! Не плашете се! Играјте живот во полнота! Тоа е живот“ – потврди Папата, завршувајќи:

„Ви посакувам добра средба на млади, соединета со Светскиот ден на млади, соединета со младите кои се во Краков. Живејте со ентузијазам и одете напред! Нека за вас се грижи Дева Марија и нека ве благослови Исус. И ве молам, не заборавајте да молите за мене“.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот