Порака на Папата до Каритас: Да не го одвраќаме погледот од ближниот! Да не гледаме рамнодушно на гладниот!

„Едно човечко семејство. Храна за сите“, е насловот на меѓународната кампања за која папата Фрањо упати видео порака до Интернационалниот Каритас. „Гладен бев и ме нахранивте“. Тие Господови зборови денес нѐ поттикнуваат да не го одвраќаме погледот од својот ближен кој е гладен, да не го гледаме рамнодушно – рече Светиот Отец и ги поттикна сите верници да учествуваат во кампањата на Каритас „Храна за сите“ и да дигнат глас со цел заштита на гладните, посебно во текот на недела која се одржува во месец октомври.

Да потсетиме, таа кампања меѓународниот Каритас ја покрена на 10 декември 2013 година на Денот на човековите права и тоа во 164 земји. Целта на таа иницијатија е да го отстрани гладот во светот до крајот на 2025 година со обновена посветеност на црковните мрежи на солидарност кон најсиромашните, ширејќи ги така .Милениумските развојни цели кои ги одреди ООН – а кои за жал нема да бидат постигнати – за до крајот на 2015 година да се преполови бројот на гладни луѓе во светот.

РВ/Д.И.

2287

Категорија: Ватикан

За авторот