Порака на Папата до Италијанскиот сојуз на слепи

Ватикан, 12.6.2013 /к.мк/ – Во видео порака до Италијанскиот сојуз на слепи и луѓе со слаб вид, упатена во вторник 11 јуни до една група постари од 75 години кои се наоѓаат на летен одмор во Тоскана, Папата и посака во нивниот дух секогаш да биде Божјото светло.

Благодарејќи на модерната техника можам да дојдам до вас, со овие зборови папата Фрањо ја поздрави групата слепи лица на нивниот летен одмор во Тоскана, а потоа истакна дека Исус секогаш има посебна грижа кон слепите, додавајќи дека оздравувањето на слепи лицата има посебно симболично значење: претставува дар на верата. А тоа се однесува на сите, бидејќи на сите им е потребно светло на верата за да можеме да чекориме на животниот пат – рече Папата.

Да го молиме Господ во сите нас да го обнови дарот на вера, во нашиот дух секогаш да биде Божјото светло, светлото на љубовта, која дава смисла на нашиот живот, го осветлува, ни дава надеж и не прави да бидеме добри и расположени кон нашите браќа – рече Светиот Отец, а потоа се обрати на Италијанскиот сојуза на слепи:

Ширете ја секогаш културата на средби, солидарност, прифаќање на лицата со хендикеп, не само со тоа што ќе барате за нив праведна социјална сигурност, туку и да го поттикнувате нивното активно учество во општествениот живот – истакна Светиот Отец. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<