Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати честитки по повод новогодишните и божиќните празници до Здружението на медицински сестри , техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ во знак на поддршка на сестринската професија и нивните активностите.
Во продолжение ви ја пренесуваме во целост пораката на бискупот Стојанов.
Од името на Католичката црква во Македонија и од мое лично име искажувам голема благодарност до Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри за несебичната и натчовечка дејност за доброто на ближниот во потреба.
Посебно сакам да ве повикам, како и до сега, болните да ги гледате во целиот нивен интегритет, со душа и тело. Покрај медицинската грижа за болниот, која е исклучително важна, продолжете и понатаму да внесувате и ‘терапија’ на љубезен збор, насмевка, нежност, тоа се работи кои лекуваат одвнатре.
Католичката црква од секогаш и сега молитвено ја поддржува благородната дејност на Медицинските сестри, а тоа истото ќе го прави и во иднина и во оваа божикно и новогодишно време покрај божикните и новогодишните честитки посакувам и Божји благослов со желба за ваша понатамошна успешна работа.
к.мк