Пораката на Папата за следниот Светски ден на болните

Пораката на Папата за следниот Светски ден на болните

„Ете ти син!… Ете ти мајка! И од тој час ученикот ја зеде при себе.“ (Ив. 19, 26-27) – тие Исусови зборови кои од крстот ги упати до својата мајка Марија и до ученикот Иван, се темата која папата Фрањо ја избра за XXVI. Светски ден на болните кој се одбележува на 11 февруари следната година.

Тоа се зборови – објасни Папата – кој го расветлуваат таинството на крстот и покажуваат дека тој не е трагедија без надеж, туку местото на кое Исус ја покажува својата слава, и ја остава крајната желба за љубов, која станува основно правило за христијанските заедници и за животот на секој ученик. Од Христовите зборови произлегува мајчинскиот повик на Марија во однос на целиот човечки род; Марија е повикана да ја сподели Христовата грижа за Црквата и за целото човештво. Тоа е задача која – според зборовите на Папата – нема да има крај.

Иван саканиот ученик, ја претставува Црквата, месијанскиот народ – додаде Папата – тој во Марија треба да ја препознае сопствената мајка. Повикан е да ја прифати и во неа да го види мајчинскиот повик кој ѝ го доверил Исус – истакна Светиот Отец. Во таа смисла целата заедница на ученици е вклучена во мајчинскиот повик на Марија.

Бидејќи сето тоа го споделил со Исус, Иван е свесен дека Учителот сака да ги поведе сите луѓе на средба со Отецот – објасни папата Фрањо. Тој може да сведочи дека го сретнал Исус со многу духовно и телесно болни луѓе. Како Марија, учениците се повикани да се грижат едни за други, и не само тоа. Тие знаат дека Исусовото срце е отворено за сите, без исклучок. На сите треба да им биде навестено Евангелието за Царството и на сите треба да им биде пружена љубовта.

Потоа потсети дека мајчинскиот повик на Црквата во однос на оние во потреба и болните има две илјади години историја на посветување која не треба да се заборави и која и денес продолжува во целиот свет; имено таа насекаде настојува да лекува, дури и тогаш кога не е во состојба да оздравува. Сликата за Црквата како „полска болница“ е многу конкретна реалност затоа што – објасни Папата – во некои делови на светот само епископските болници и оние кои ги водат мисионери на населението му ја пружат потребната грижа.

Затоа Папата поттикна на сеќавање на наследството од минатото, за да се испланира добро иднината. Преку примерот на великодушноста сѐ до жртвувањето на бројните основатели на институции за болни и со сопствениот разум и љубов кои во центарот пред сè го ставаат достоинството на болниот, ќе се избегне опасноста грижата за здравјето да влезе во подрачјето на пазарот кој ги отфрла сиромашните – ги поттикна Папата христијаните кои работат во јавните институции и кои со својата служба се повикани да го сведочат Евангелието.

На Црквата Исус и оставил дар, својата сила на оздравување – потсети Папата – дарот кој одговара на задачата на Црквата: да им се даде на болните поглед богат со нежноста и сочувството на нивниот Господ. А изворедно сведоштво на таа љубов е нежноста и упорноста со кои голем број семејства ги придружуваат своите деца, родителите и роднините, хронично болните или тешките инвалиди. Грижата пружена во семејствата – рече Папата – е посебно сведоштво на љубовта кон човечкото битие и треба да се поддржува со соодветно признание и соодветна политика.

Заради тоа лекарите и болничарите, посветените лица на Бог и волонтерите, роднините и сите оние кои се заземаат во грижата за болните учествуваат во тоа црковно послание – истакна Папата и додаде дека станува збор за одговорност која ја збогатува вредноста на секојдневната служба на секој поединец.

Папата Фрањо на крајот сите болни по тело и по дух ги доверува на Марија, Мајка на нежноста доверувајќи се дека молитвата до Мајката Господова ќе нè обедини во упорната прозба за секој член на Црквата во љубов да го живее повикот на служењето на животот и здравјето.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот