Посакувам секој од нас да го живее ова време во вистински дух на покора и преобраќање, им порача Папата на верниците на Пепелница, во средата на 6 март 2019 година.
На крајот од Генералната аудиенција во Ватикан во средата на 6 март 2019 година, Папата упати порака до верниците по повод почетокот на пасхалното време.
„Денес, на Чиста среда, започнува пасхалното одење. На сите ви посакувам да го живеете ова време во вистински дух на покора и преобраќање, како враќање кај Отецот, Кој сите ги чека со раширени раце за да нè прими во најдлабокото заедништво со Него“, порача Светиот Отец.
Ика/к.мк