Канцеларијата за печат при Светиот Престол во четврток, 23 февруари 2023 година, објави дека поради потешка настинка на папата Фрањо е откажана аудиенцијата со Христијанско здружение на млади мажи (Young Men’s Christian Association).
Претходно Светиот Отец прими млади свештеници и монаси од Источните православни цркви, делегација на германската невладина организација и непрофитното друштво Макс Планк за унапредување на науката, префектот на Дикастеријата за прогласување на свети Марчело. Семераро, извршниот директор на Светската програма за храна Дејвид М. Бисли, дон Хулијан Карон и дон Пасквал Спинос.
Ватикан њуз/к.мк