Понтификатот на папата Фрањо во 2019 година

Понтификатот на папата Фрањо во 2019 година

Оваа 2019 година за папата Фрањо беше многу интензивна со голем број патувања и лични средби, но со само една цел – да се навести добрата вест за Божјото милосрдие

И оваа година папата Фрањо ни одржа едноставна катехеза соодветна за секого, за Божјата љубов. Најважаната задача е да се навестува Евангелието, рече во оваа 2019 година, тоа го направи на 41 Генерална аудиенција (со две серии на катехези; за молитвата Оче наш и за Делата на светите Апостоли), потоа на 56 пладневни наговоти (Ангел Господов и Царице небесна), на повеќе од 60 проповеди на јавни славења и 44 проповеди во домот Света Марта. На тоа треба да се додат големиот број пораки, писма , документи, интервјуа кои станаа книги и на околу 260 јавни говори.

Сигурност дека Бог нè љуби

Папата сите луѓе ги потсетува дека темелот на нашиот живот е утешителната сигурност дека Бог нè сака и Исус го даде својот живот за нас. Станува збор за централната порака на целата негова мисија, содржана во Апостолскиот поттик на папата Фрањо „Evangelii gaudium“ програмскиот текст на неговиот понтификат. Папата нè повикува да не ја заборавиме „едноставната и силна вера на мајките и бабите, која им давала и им дава сила и истрајност во животот за да не се обесхрабрат. (…)

Верата и идолопоклонството

Папата Фрањо повикува да се почитува единствениот и вистински Бог, единствен и троедин, во општество кое сè повеќе станува поганско. Идолопоклонството не е само одење во некој погански храм и поклонување на некои статуи. Не, идолопоклонството е однесување на срцата – истакнува Папата, идолопоклонство е кога даваме предност на некои работи затоа што ни одговара на нас, а Го забораваме Господ.

Идолите го променија името, но се многу присутни: пари, успех, кариера, самоостварување, задоволство и сите оние идоли кои ветуваат среќа, но не ја даваат, уште повеќе сведуваат на ропство и ни ја одземаат љубовта. Идолите ветуваат живот, но го одземаат, додека вистинскиот Бог нè бара живот и го дава животот– истакна Папата во една убава катехеза одржана минатата година.

Благост наспроти напади

Како силните Исусови зборови, така и на Папата зборовите имаат двоен ефект: Или се преобраќаме или станува поцврсти. Така доаѓа во внатрешен отпор и напад. Папата Фрањо не се плаши од раскол, рече во авионот на враќање од Африка. Денес во Црквата имаме многу училишта на вкочанетост, кои не значат раскол, туку тоа се наводни христијански шизматски патишта кои лошо ќе завршат затоа што зад тој крут став ја нема светоста на Евангелието.

Затоа Папата повикува на злото да се одговори со добро, повикува на благост кон луѓето кои се во искушение да тргнат во тие напади затоа што се наоѓаат во проблеми и им е потребна благост. Се плашат дека денешната Црква повеќе не е католичка, му ставаат на Папата во уста зборови кои никогаш не ги изговорил. Меѓутоа ниту една догма не е променета, направен е само чекор напред во прифаќањето и милосрдието, не е укинато почитување, само е упатен повик со срцето да се доживува.

Синода посветена на Амазонија – обраќање на Исус, Тој е центарот

Во октомври беше одржана синода посветена на Панамазонското подрачје, која бара четирикатно преобраќање: синодално затоа што Црквата треба èс повеќе да оди заедно, а не поделена; културно, затоа што треба да знае да зборува на различните култури; еколошко, затоа што егоистичкото искористувње на животната средина води до уништување на цели народи; и пасторално затоа што е итно навестувањето на Евангелието. Вистинското преобраќање е да се ставиш себе на страна, а во центарот да Го ставиш Христос и да дозволиш Светиот Дух да биде протагонист во нашиот живот – рече папата Фрањо.

Борба против злоупотребата, внатре и надвор од Црквата

Може да се нарече историски средбата одржана во февруари во Ватикан, кога црковните поглавари од сите континенти се собраа за да го разгледат проблемот со злоупотребата на малолетниците во црковна средина, а тоа го направија храбро и транспарентно пред целиот свет. Со мото проприо „Vos estis lux mundi“, Папата одреди нови постапки за пријавување на злоупотреба и насилство, за епископите и монашките поглавари да одговараат за своите постапки. Освен тоа, папата Фрањо ја укина папската тајна за таквите случаи.

Реформа – структурите повеќе да бидат мисионерски, парите во служба на Евангелието и сиромашните

Продолжува работата на Кардиналскиот совет со цел реформа на Римската курија, за да бидат сите црковни структури повеќе мисионерски. Освен тоа, реформата се однесува и на подрачјето на финансиите и затоа што се однесува до Петровите пари, Папата рече дека доброто управување значи дека примените пари не треба да се стават во фиока, туку да се направи да донесат плод. Меѓутоа инвестирањето треба да биде „морално“, за парите да бидат во служба на евангелизацијата и сиромашните.

Да се открие Словото Божјо за да го познаваме на Исус

Папата Фрањо оваа година меѓу останатото ја основа Неделата на Словото Божјо, посебен ден за на сите верници да ги поттикне да ја читаат и да размислуваат за Библијата, како што зборувал свети Јероним – непознавањето на Писмата е непознавање на Христос. Неделата на Словото Божјо ќе се слави секоја година на 3. Недела во годината.

Денес има повеќе прогонетите христијани отколку во минатото

Папата не се изморува да предупредува на противхристијанските прогонства. Денес има повеќе маченици отколку во почетоците на христијанството – повторува папата Фрањо. Меѓутоа предупредува и на нападите на другите религии, како што се на пример оној извршен на 15 март на џамијата во Нов Зеланд со повеќе од 50 загинати.

Заштита на семејството и на секој живот

Во Лорето на 25 март, Папата истакна дека семејството е засновано на бракот помеѓу маж и жена, посебно во денешниот свет поприма голема важност и послание. Освен тоа, папата Фрањо го брани животот од зачнувањето до неговиот природен крај. Да не градиме цивилизација која ги отстранува луѓето чии живот го сметаме за недостоен да се живее – предупредува Папата – секој живот има вредност и тоа секогаш.

Меѓународни патувања

Папата Фрањо оваа 2019 година беше на 7. меѓународни патување на кои посети 11 земји на 4 континенти. На патувањето во Панама по повод Светскиот ден на младите го навести Евангелието на радоста; во Обединетите Арапски Емирати со големиот имам Ал Азхар потпиша историски Документ за човечкото братство; во Мароко ја истакна важноста на екуменскиот дијалог; за време на посетата на Бугарија и Македонија и Романија зборуваше за единството на христијаните. Заштитата на животната средина и вниманието кон сиромашните беа во центарот пак на патувањето во Мозамбик, Мадагаскар и Маврициус; мирот и промовирањето на правата на жените и децата беа главни теми на патувањето во Тајланд, додека патувањето во Јапонија беше фокусирано на мирот. Тогаш повторно истакна дека не е неморална само употребата на нуклеарното оружје, туку и неговото поседување.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Колумни

За авторот