Во име на папата Фрањо за Божиќ ќе биде предадена првата рата од помошта за хуманитарната криза во Украина. Имено шест милиони евра од собраните дванаесет ќе бидат поделени на повеќе од два милиони корисници без разлика на верата или етничката припадност.
Во име на папата Фрањо за Божиќ ќе биде предадена првата рата од помошта за хуманитарната криза во Украина. Имено шест милиони евра од собраните дванаесет ќе бидат поделени на повеќе од два милиони корисници без разлика на верата или етничката припадност посебно во покраините Донецек и Луганск, Запорожје, Харков и Днепропетровск е соопштено од Папскиот совет Cor Unum.
По посебното собирање на милостињата која според желбата на папата Фрањо во сите европски цркви се изврши на 24 април 2016 година, Светиот Престол преку Папскиот совет Cor Unum основа локален технички одбор за делење на милостињата. Со одборот претседава епископот Јан Собило, а тој тесно соработува со апостолскиот нунциј во Украина Клаудио Гужероти.
Од почетокот на активностите од месец јули техничкиот одбор чие седиште е во Запорожје ги вреднуваше и одобруваше пристигнатите проекти за поддршка. Одборот ќе финансира 20 „големи“ проекти (со износи од 250 илјади евра) и 39 потфати на „солидарност“ (со износи до 20 илјади евра). Во соработка со апостолската нунцијатура парите ќе бидат предадени на каритативните тела за храна, домување, здравствена и хигиенска нега. Според неодамнешниот извештај на Канцеларијата на високиот комесар на Обединетите нации за човекови права во конфликтото кој сѐуште трае загинаа 9 758 луѓе, а ранети беа 22 779 луѓе.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Таг: Помош за Украина