Поклоничко патување на група верници од Струмица

Поклоничко патување на група верници од Струмица

Во организација на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“, од Струмица на 11 октомври 2018 година група верници од парохијата заедно со капеланот о. Атанас Сирачев се упатија на еднодневно поклоничко патување за Битола преку Крушево.

Поклоничкото патување започна со света Литургија во парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица

Во склоп на ова поклоничко патување групата верници која беше составена од различни возрасни групи, ги посетија најзначајните историски места и знаменитости во градот Крушево.

Патувањето продолжи за Битола каде верниците ја посетија црквата „Пресвето Срце Исусово“ и манастирот на Ќерки на христијанската љубов. Во црквата верниците молеа света Бројаница за нови духовни звања, а потоа го посетија манастирот на сестрите и имаа можност да се запознаат со нивниот монашки живот и нивната дејност меѓу сиромашните, а се задржаа и во молитва во капелата која се наоѓа во нивниот манастирот.

Посетата на Битола заврши со прошетка и разгледување на градот.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот