Подготовки за Јубилејот на милосрдието

Почнаа да се примаат пријавите за свештениците и епископите во мирување кои што сакаат да служат како „мисионери на милосрдието“ во претстојната Јубилејна година

Мисионерите за кои се зборува во булата за вонредниот јубилеј, Misericordiae vultus“ ќе бидат испратени во светот од базиликата Свети Петар, на празникот „Чист среда“ 2016 година, со посебна мисија на проповедање и исповед, а ќе можат да опростуваат и гревови придржани на Светиот Престол.

Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација, кој е задолжен за координирање на настаните поврзани со Јубилејот на милосрдието, кој започнува на 8 декември, на веб страницата од Светата година го објави профилот за тоа какви треба да бидат потенцијалните мисионери: треба да бидат „жив знак на Бог – прифаќање од Отецот на сите оние кои бараат прошка“, инспирирани проповедници на милосрдието и гласници на радоста за опростување“, како и  „сочуствителни исповедници, кои се особено внимателни на потешкотиите на секој поединец“.

Избраните мисионери ќе бидат повикани од локалните епископи кои ќе им ја доверат мисијата во врска на иницијативата во Светата година. Свештениците кои што сакаат да служат како мисионери на милосрдието треба да имаат писмо со препорака од својот епископ или поглаварот од монашката заедница.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот