Во пресрет на годишнината од фрлањето на двете атомски бомби на Јапонија, американските епископи ги поттикнаа католиците на молитва за мир заедно со Црквата во Јапонија.
Советот за меѓународна правда и мир при Епископската конференција на Соединетите Американски држави, неколку недели во пресрет на 75 годишнината од бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки, на 13 јули испрати во јавноста изјава во која повика на солидарност со Јапонија.
„На 6 и 9 август се одбележува 75 години од бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки, кога прв и се надеваме последен пат во војна е употребено атомско оружје,“ пишуваат епископите. „Дваесет и првиот век сведочи за продолжување на геополитички конфликти помеѓу државни и недржавни актери, особено со софистицирано вооружување и со рушење на меѓународните рамки за контрола на оружјето. Епикопите од САД упорно го повторуваат итниот повик на напредување за намалување на нуклеарното вооружување.
Од кога свети Иван Павле II ја посети Јапонија во 1981 година Католичката Црква во таа држава одржува Десетдневна молитва за мир започнувајќи од 6 август.
Во пресрет на 75 годишнината Епископската конференција на САД ги поттикнува католиците во САД да се придружат на Јапонија во молитвата и на 9 август да служат света Литургија со макана за мир, напишаа американските епископи.
Потсетуваме, еден пат нуклеарно оружје е употребено на 6 август 1945 година, со нападот на војската на САД на Хирошима и три деnа подоцна на Нагасаки. Во Хирошима во таа прилика веднаш загинале 80.000 луѓе, а околу 130.000 животот го загубиле од последици предизвикани од зрачењето. Во Нагасаки настрадаа околу 40.000 души и третина од градот е уништен. Во двата случаи мнозинството биле цивили, а за тоа злосторство никој никогаш не одговарал.
Папата Фрањо ги посети двата града во ноември 2019 година и јасно зборуваше против употребата на нуклеарното вооружување и неопходноста за промовирање на меѓународна хармонија која не може да се обезбеди со закана со нуклеарна војна.
Недјеља/к.мк