Папата Фрањо се обрати до учесници на меѓупарламентарниот состанок во пресрет на Конференцијата за климатските промени Сор26, на 9 октомври. Состанокот е одржан во соработка со италијанскиот парламент и Меѓунарламенталната унија (IPU), a учесниците се сретнаа со Светиот Отец во салата Павле VI.
Присетувајќи се на заедничкиот апел кој го потпиша заедно го солем број верски водачи и научници на 4 октомври, Светиот Отец рече дека вдахновението за тој состанок била свеста за до сега невидените предизвици кои се закануваат на животот во заедничкиот дом и потребата за уште подлабоката солидарност во времето на пандемијата и растечките грижи во тој поглед.
Понатаму на тој сосотанок во духот на братството разни гласови успеаја да се приближат и да се сумираат во две точки. Најпрво тоа е тагата заради тешките штети нанесени на човечкото семејство и неговиот заеднички дом. А второ, рече Папата итната потреба за промена на насоката, за одлучно и цврсто да се отргнеме од културата на отфрлање која преовладува во нашето општество и да тргнеме кон културата на грижа.
Тежок и комплексен предизвик
Тежок и сложен е предизвикот, нагласи Светиот Отец, но човештвото има начини како да направи промена. За да се оствари потребно е вистинско преобраќање и постојана одлучност. Тоа посебно се однесува на оние повиканите на одговорни позиции во општеството.
Заедничкиот апел симболично е претставен преку претседателите на двата дома на италијанскиот парламент, а вклучува серија обврски кои имаат намера да ги преземаат со дејствување и пример, а исто така и со образование, објасни Папата, истакнувајќи ја посветеноста на образованието за целосна екологија.
Истовремено апелираат до владите без одложување да ги преземат потребните мерки за да се огранични просечниот глобален пораст на температурата, преземајќи храбри чекори како што е зајакнување на меѓународната соработка.
Конкретно, рече Папата апелираме на промовирање на премин во чиста енергија, усвојување на одржливи практики за користење на земјиштето, спречување на уништувањето на шумите и нивна обнова, зачувување на билошката разноликост, склоност на прифатливи прехранбени системи кои ги почитуваат локалните култури, го сузбиваат гладот и неисхранетоста и промовираат одржливи стилови на живот и образец за производство и потрошувачка. Тоа значи премин во целосен и инклузивен модел на развој, заснован на солидарноста и одговорноста, чии ефекти во светот на трудот исто така треба да се разгледуваат, кажа Папата.
Клучната улога на лидерите
За да се соочиме со овие предизвици, секој ја има својата улога. Политичките и владините лидери посебно се важни и навистина клучни, нагласи Папата. Ова тешка промена на насоката бара голема мудрост, предвидување и грижа за општото добро: со еден збор, темелните доблести на добрата политика. Не станува збор само за спречување и казнување на несоодветните постапки, рече Папата, туку пред сѐ за конкретно поттикнување на нови патишта по кои треба да се тргне, кои подобро одговараат на целите кои сакаме да ги постигнеме. Тие се важни елементи кои треба да се земат во предвид додека настојуваме да ги исполниме целите наведени во Сор26.
Се надевам дека вашата работа и залагањето во процесот на подготовка на Сор26 и понатаму ќе биде осветлена од двете важни начела одговорноста и солидарноста, истакна во обраќањето Светиот Отец. Тоа им го должиме на младите, на идните генерации кои ги заслужуваат нашите најголеми напори за да обезбедиме живот во надежта. За тоа да се случи, постои итна потреба за мудри и праведни закони кои ги надминуваат тесните рамки на одредени политики и брзо постигнување на соодветен консензус, користејќи доверливи и транспаретни средства, заврши Папата.
Ватикан њуз/к.мк