Повеќе од 70 свештеници починале од коронавирусот во Шпанија

Повеќе од 70 свештеници починале од коронавирусот во Шпанија

Генералниот секретар на Шпанската бискупската конференција помошниот бискуп Луис Аргуело на прес конференцијата во Мадрид го објави бројот на починати духовници врз основа на информации од одредени дијацези во земјата, пренесува Катпрес.

Станува збор за свештеници кои се заразиле со Ковид – 19 вршејќи ја својата служба. Тие биле во контакт со заразените лица пред да бидат сместени во изолација или биле душегрижници на места со висок ризик. Така не се вброени многумина постари свештеници кои починале од коронавирусот во домовите за стари лица или манастирите, како и монахињи, ѓакони и мисионери.

Според објавените податоци најсилно е погодена Мадридската надбискупија каде од коронавирусот во различна тешка состојба се стотина свештеници. Од 11 март во надбискупијата во главниот шпански град како последица од заразата со коронавирусот починале вкупно 28 свештеници.

Уште поголем е бројот на починати свештеници во Италија – според податоците на списанието до минатиот викенд починале 111 свештеници од заразата вршејќи ја својата служба.

ИКА/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот