Плод на синодата: Основање на Папски совет за млади?

Плод на синодата: Основање на Папски совет за млади?

Паоло Руфини префект на ватиканската Дикастерија за комуникација зборуваше во петокот на 5 октомври 2018 година, на брифингот за работата на XV редовна Епископска синода на тема „Младите, верата и распознавањето на звањето“ и ја најави можноста за основање Папски совет за млади.

„Синодата е насочена на младите луѓе ширум светот. Да се зборува нивниот јазик значи да се влезеш  во средината која ги опкружува, како војната, тешкото пронаоѓање на работа, секој од нив со сопствените искуства, дури страшни. како дрогата, трговијата со луѓе. Црквата се обраќа исто така до нив како Мајка, тие се исто така Црква и мора да знаат дека и Црквата е нивен дом. Тие не се предмети, тие се протагонисти,“ порача Руфини.

Тој додаде дека на Епископската синода е изнесен предлог за основање на Папски совет за млади.

На XV редовна Епископска синода која започна во Ватикан на 3 октомври на тема „Младите, верата и распознавањето на звањето“ учествуваат 266 синодски оци од кои 50 кардинали, 23 стручњаци, триесетина млади и осум братски делегати, претставници на други Цркви и црковни заедници. Епископска синода ќе трае 25 дена.

ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот