Писмо од папата Фрањо до Папскиот католички универзитет во Перу

Писмо од папата Фрањо до Папскиот католички универзитет во Перу

Треба да се оди напред заедно и обединети, за да бидете училиште на човештвото и центар на евангелизацијата – истакна папата Фрањо во писмото до кардинал Џузепе Варсалди, префект на Конгрегацијата за католичко образование и голем канцелар на Папскиот католички универзитет во Перу.

Треба да се оди напред заедно и обединети, за да бидете училиште на човештвото и центар на евангелизацијата – истакна папата Фрањо во писмото до кардинал Џузепе Варсалди, префект на Конгрегацијата за католичко образование и голем канцелар на Папскиот католички универзитет во Перу, обраќајќи се на универзитетската заедница на таа латиноамериканска институција основана пред повеќе од сто години.

Бидете евангелизирани за да евангелизирате, таа е – според зборовите на Папата – една од важните цели на католичките универзитетски институции. Зборувајќи за Папскиот католички универзитет во Перу, основан во 1917 година и канонски признат во 1942 година, Светиот Отец веднаш ги истакна сите тие години на служба посветена на Црквата и општеството и – како што напиша – на саканата јуноамериканска земја. (…)

Папата Фрањо во писмото пред сѐ го истакнува заедништвото во таа универизтетска реалност, кое ги опфаќа професорите и сегашните и дипломираните студенти, кои се признаваат за членови на истото семејство, делејќи заедничка историја заснована на начелата од кои произлегува и кои ја водат. Заедницата – пишува Папата – се обликува и зацврстува кога се напредува заедно и обединети, ценејќи го примерното наследство кое треба да се чува и за новите генерации.

Несомнено е – рече папата Фрањо – основачите на тој образовен центар во Перу дале храбар предлог во служба на тамошното општество и Црквата; тоа е повик на отворање кон другите култури и реалности, затоа што на крајот, ако се затвораме во себе, ќе доживееме неуспех. Единствено гледајќи го примерот на Исус, добриот Учител, можеме да сфатиме дека за да поучуваме најпрво мораме да научиме да бидеме ученици.

Поучувањето и учењето се бавни процеси кои бараат внимателност и упорна љубов затоа што се соработува со Создателот во обликувањето на делата на Неговите раце – истакна Папата. Во извршувањето на таа задача секој ја донесува меродавноста на своето знаење и специфичноста на сопствениот повик и живот, за таа институција освен во својата академска исклучителност да блеска и како училиште на човештвото.

Од друга страна пак – додаде Светиот Отец – ученици сме мисионери, кои се заземаат во трансформацијата на светот во „живо Евангелие“. Еве заради што таа институција, со сите свои членови е повикана да се соочи со предизвикот да оди во пресрет на денешните мажи и жени донесувајќи им го вистинскиот и сигурен збор, сериозно барајќи ја вистината, пренесувајќи ја и соработувајќи така во промовирањето на човечкото битие и во градењето на општеството – напиша папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот