Драги свештеници,
„Ви благодариме што сте го прифатиле Божјиот повик за свештенство. Благодарение на вашиот дар, ние го запознавме Христа…“
Така правите многу за нас. Веројатно повеќе отколку што мислите. Не знаеме дали сте свесни колку сме ви благодарни за сѐ. Ова ви го пишува заедницата на млади католици – лаици, која вам не може доволно да ви се заблагодари. Потребни ни сте за оваа ходочастие кон Царството Божјо. Без оглед на тоа дали од неодамна сте ракоположени или веќе сте многу години во служба, неверојатно сме ви благодарни на вас и сето тоа што го правите за нас.
Им донесувате мир на оние кои што се полни со грижи, ги исцелувате оние кои се: духовно, ментално, емоционално или физички болни, ги утешувате оние кои се чувствуваат напуштено. Ги подготвувате двојките за брак, го проповедате евангелието; благодарение на вас можеме да гледаме како лебот и виното стануваат Христово Тело и Христова Крв.
Нѐ подготвувате за светите Тајни. Преку нив нѐ приближувате кон Исус. Ги посветивте своите животи на Исуса и му носите луѓе. Поминувате неброени часови слушајќи исповеди, одговарате на нашите прашања, ни ги разубавувате деновите. Можеби сте знаеле дека луѓето не би ви биле доволно благодарни, но и покрај тоа сте го следеле својот повик.
Ни помагате да ги отвориме срцата и умовите. Нѐ охрабрувате да бидеме подобри бидејќи знаете дека можеме да бидеме подобри. Ви сте ни како татковци. Нѐ слушате со љубов и нѐ не осудувате. Ги примате итните случаи дури и тогаш кога очајнички ви треба одмор. Не тешите кога солзите ни се слеваат низ лицето. Се трудите да нѐ запознаете, за да можете подобро да ни помогнете во патувањето низ овој свет.
Го препознаваме Исус во вас, без сомнеж. И на тоа сме ви благодарни. Ви благодариме за вашата љубезност, милост, љубов, смислата за хумор. Ви благодариме на тоа што Бог ви е на прво место. Ви благодариме што се молите за нас и со нас. Знајте дека и ние молиме за вас.
Ви благодариме што сте го прифатиле Божјиот повик за свештенство. Благодарејќи на вашиот дар, ние го запознавме Исуса. Благодариме на сите свештеници – млади, стари, од неодамна ракоположени и пензионирани.
Нека Бог го благослови секој еден од вас.
Со многу љубов,
Млади католици