Петралинци: Семејни – благодарствени Литургии

Петралинци: Семејни – благодарствени Литургии

Во месец ноември 2018 година во парохијата Свети Кирил и Методиј се одржа моливената иницијатива ,,Семејни и благодарствени Литургии”.

Семејствата од католичката парохија ,,Свети Кирил и Методиј” од Петралинци изразија желба по четврти пат да земаат учество на молитвената иницијатива ,,Семејни и благодарствени Литургии”. По повод оваа молитвената иницијатива цел месец ноември верниците активно присуствуваа на светите неделни Литургии. Пред почетокот од секоја благодарствена светата Литургија се молеше света Бројаница со верниците. Парохот о. Горге Појразов на последната недела од молитвената иницијатива за време на проповедта која се засноваше на неделното евангелие потенцираше дека ,,Се што има човек како свое е дар од Бога и за истото човек треба да има христијанска доблест да му благодари на Бога”. По секоја семејна Литургија се молеше молитва за семејствата. На крајот од светата Литургија со која заврши ова молитвена иницијатива о. Појразов им се заблагодари на сите верници од парохијата за искрената желба за активното учество и понатамошна поддршка на ова молитвена иницијатива.

Целта на оваа молитвена иницијатива е да верниците од парохијата одблиску се збогатат со литургиискиот живот на црквата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот