Децата од католичката парохија „Свети Кирил и Методиј“ од Петралинци се приклучија на светската молитвена иницијатива „Милион деца молат Бројаница за мир во светот.“
По повод молитвената иницијатива „Милион деца молат Бројаница за мир во светот“ на 18 октомври 2018 година, децата од католичката парохија „Свети Кирил и Методиј“ од Петралинци, по завршувањето на светата Литургија молеа света Бројаница и молитвата до Пресвета Богородица и свети aрахангел Михаил кои папата Фрањо повика да се молат во текот на месецот посветен на Бројаницата.
Исто така по повод оваа меѓународна молитвена иницијатива иницирана од страна на Меѓународното католичко дело „Црквата во неволја“, децата од Петралинци изработија плакат на кој преку фотографии ја опишаа и искажаа нивната желба за молење со цел да поттикнат повеќе деца во светот да се вклучат во таа иницијатива.
Целта на ова иницијатива е децата преку нивните искрени молитви, да донесат плод за мир во светот.
к.мк