Петнаесет години од смртта на свети Иван Павле II – кардинал Џивиш повика на молитвено заедништво

Петнаесет години од смртта на свети Иван Павле II – кардинал Џивиш повика на молитвено заедништво

Кардинал Џивиш поттикна во четврток на 2 април во 21.37 часот по застапништвото на свети Иван Павле II за престанок на пандемијата со коронавирусот и на Бог да се довери „судбината на светот и на секој човек.“

„Сесрдно Ве молам, никого да не недостасува во тоа духовно заедништо, на 2 април во 21.37 часот, напиша кардиналот, а пренесе сајтот Божјо милосрдие.

Во пригодниот говор упатен до верниците, долгогодишниот личен секретар на папата Иван Павле II се сеќава како пред петнаесет години, во моментот на заминувањето на папата Иван Павле II во домот на Отецот „на плоштадот Свети Петар во Ватикан, во црквиите и капелите во целиот свет, на градските плоштади и покрај распетијата на раскрсниците се одржа големо молитвено бдение на милиони човечки срца“, кои сакаа да бидат соединети во молитвата со Папата која умираше.

„Мислам на тие моменти на заедништво кога гледам денес на напуштениот плоштад Свети Петар, кога гледам празни цркви и опустошени улици. Светот стоеше како што стоеше пред петнаесет години. Се почувствувавме во тој момент како сираци, но меѓусебно се охрабрувавме и баравме утеха во Бог Кој е извор на животот. Знаеме ли денес – како тогаш, да истраеме во взаемната љубов, да бидеме постојани во моментите на болка и копнеж кои на сите ни се заеднички? Успеваме ли да се надеваме и да црпиме сила од вистината, макар што не можеме лично да се сретнеме, нашето заедништво е реално и дека тоа постои, и покрај затворените врати на нашите домови?“, напиша кардинал Џивиш.

Кардинал Џивиш поттикна во четврток на 2 април во 21.37 часот по застапништвото на свети Иван Павле II да се моли за престанок на пандемијата на коронавирусот и на Бог да му се довери „судбината на светот и на секој човек.“

Може да ја молиме било која молитва по наша желба (Света Бројаница, Бројаница на Божјото милосрдие или било која друга молитва, а слободно додадете го и Чинот на посвета на светот на Божјото милосрдие, кое го кажа свети Иван Павле II посветувајќи го светот на Божјото милосрдие во светилиштето на Божјото милосрдие во Краков, на 17 август 2002 година.

ЧИН НА ПОСВЕТА НА СВЕТОТ НА БОЖЈОТО МИЛОСРДИЕ

Боже Милосрден Оче Кој си ја објавил својата љубов во својот Син Исус Христос, а на нас си ја излеал во Светиот Дух, Утешител, денес ти ја доверуваме судбината на светот и на секој човек. Наведни се на нас грешниците, оздрави ја нашата слабост, порази го секое зло, направи сите жители на земјата да го доживеат твоето милосрдие за во Тебе Единствениот и Троедин секогаш да наоѓаат извор на надеж. Вечен Оче преку прегорчливата мака и воскресението на својот Син, биди милосрден кон нас и кон целиот свет. Амин. (свети Иван Павле II)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот