Перу: Папата го осуди насилство врз жените

Перу: Папата го осуди насилство врз жените

На 20 јануари 2018 година, папата Фрањо во перуанскиот град Трухилјо го предводеше чествувањето на Блажена Дева Марија по повод празникот „Пресвета Богородица од вратата“, осудувајќи го во својот говор насилството над жените.

Светиот Отец ги поттикна верниците да се борат против чумата која го погодува американскиот континент, имено голем број на случаи во кои жените се убиваат. Предупреди дека постојат многу ситуации на насилство во кои тоа се сокрива зад многу ѕидови. Папата ги повика верниците да се борат против тој извор на страдање, барајќи донесување и спроведување на соодветни закони како и промовирање на култура која го отфрла секој облик на насилство.

Потсетувајќи дека Дева Марија е Мајка која никогаш не ги напушта своите деца, папата Фрањо зборуваше за бројните титули кои ѝ припаѓаат на Исусовата мајка Марија. Рече дека секоја перуанска заедница поседува посебна побожност кон Блажена Дева Марија која добива различни имиња. Тие титули ја изразуваат желбата на нашиот Бог да биде близу до секое срце така што јазикот на Божјата љубов секогаш да се изразува на дијалект – рече Светиот Отец и објасни дека тоа го покажува вниманието на Бог кој го бара најдобриот начин за да се приближи до секој човек за тој да може да го прими. Сите тие слики нè потсетуваат на нежната љубов со која Бог сака да биде близу до секое село и до секое семејство, до тебе и мене, до сите – истакна Папата.

Марија продолжува да нè брани и да нè упатува пред вратите кои ни го отвораат патот кон веродостојниот живот, Животот кој не поминува – продолжи папата Фрањо. Таа оди со секое свое дете, за да го доведе дома. Нè придружува сè до Вратата која дава Живот, бидејќи Исус не сака никоj да остане надвор, на ладно. Марија ни го покажува патот до дома. Нè доведува до Исус кој претставува вратата на милосрдието – рече Светиот Отец.

Марија ни го покажува патот и ја покажува најдобрата одбрана од злото на рамнодушноста и нечувствителноста – рече Папата и продолжи: Нè доведува кај својот Син и нè поттикнува да промовираме и да ја шириме културата на милосрдието засновано на повторното откривање на средбата со другите, културата во која никој нема да гледа на другиот со рамнодушност или да го сврти погледот од страдањето на нашите браќа и сестри – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот