Патријархот Сако: Народот е поважен од нафтените извори

Патријархот Сако: Народот е поважен од нафтените извори

Калдејскиот патријарх Луис Рафаел Сако, упати апел до народот, а кој го предаде на претседателот на државата Фуад Масум, за да се поттикне заеднички фронт во спротивставувањето на опасностите од нови конфликти.

За да се поттикне заеднички фронт во спротивставувањето на опасностите од нови конфликти, меѓу ирачките водачи е потребна соработка и стремеж кон главната цел, а таа е најпрво заштита на луѓето, а дури потоа на нафтените извори – истакна калдејскиот патријарх Маро Луис Рафаел Сако, во апелот упатен до народот, кој го предаде на претседателот на државата Фуад Масум, и го испрати на агенцијата AsiaNews.

Патријархот во писмото изразува желба за воспоставување на модерна и силна граѓанска држава, под стабилно политичко водство кое е способно да покрене реформи во економската, општествената и културната сфера. Освен тоа, повторно го упати, веќе повеќе пати повторениот повик на искрен дијалог помеѓу Багдад и Ербил, при што треба – како што истакнува – да се остави на страна духот на освета, сомнеж, одмазда и остри говори. Заради големите тензии – според зборовите на патријархот – за решение на кризата потребен е искрен дијалог меѓу конфликтните страни.

РВ/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот