Патријархот Вартоломеј се придружи на апелот на папата Фрањо за олимписко примирје

Патријархот Вартоломеј се придружи на апелот на папата Фрањо за олимписко примирје

„Ја користиме можноста по повод официјалниот почеток на Олимписките игри да се придружиме на гласот на Неговата Светост папата Фрањо за олимпиското примирје, кое долго време беше суштински услов за одржување на Олимписките игри и да се почитува од сите како нешто свето и неприкосновено,“ нагласува патријархот Вартоломеј во својот говор, а се пренесува во изданието на весникот „L`Osservatore Romano“ од 27 јули.

Така, патријархот Вартоломеј му се придружи на папата Фрањо, кој уште еднаш апелираше да се стави крај на насилството. Во говорот одржан во црквата „Света Параскева“ во Хаскиo предградие на Истанбул, Вартоломеј повика да го следиме „живото срце на Господарот на мирот“ и да дозволиме „Игрите во градот на светлината да бидат почетна точка не само за привремен прекин на огнот, но и за ставање крај на сите крвави конфликти, особено во тешко оптоварената Украина и во различните земји на немирниот Блиски Исток, и за воспоставување праведен и траен мир во овие долго напатени региони“.

Патријархот потоа додаде дека „стравот или кукавичлукот што се случуваат во трагични моменти од животот не се карактеристични за христијаните“. Напротив, должноста на христијанинот е спорт, борба “.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот