Патријархот Вартоломеј: Да го почитуваме „светото детство“

Патријархот Вартоломеј: Да го почитуваме „светото детство“

Цариградскиот екуменски патријарх Вартоломеј I во својата божиќна порака потсети на страдањето на децата во целиот свет. Празникот на раѓањето на Исуса Христа е повик до сите да се грижат за доброто на децата, да ги заштитуваат и да го почитуваат „светото детство“ – пишува патријархот.

За жал божиќното Евангелие уште еднаш ќе му навести на светот во кој може да се слушне ѕвечкањето на оружјето; во светот во кој постои насилство без причина, против поединецот и цели народи; во светот во кој владее нееднаквоста и социјалната неправда, „Неприфатливо е да се види во каква ситуација се наоѓаат безброј деца“ нагласи Вартоломеј I. Децата се жртвите на воените конфликти, искористувања, прогони и дискриминација. Освен тоа трпат заради глад, сиромаштво и болното протерување.

Патријархот укажува на судбината на бегалците и мигрантите на грчкиот остров Лезбос кој во април оваа година го посети заедно со папата Фрањо. Посебно потресно беше со сопствени очи да ги видиш проблемите на децата кои таму живеат – вели цариградскиот патријарх.

Како пример ја наведе „тешката криза“ на бракот и семејството. Душата на детето ја менува и влијанието на електронските медиуми. Овде се во прашање последиците на незаузданата економија која од младите прави само потрошувачи. Токму од сите тие причини Православната црква сака 2017 година да се посвети на „заштитата на светото детство.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот