Патер Ломбарди: Статијата на Скалфари не е доверлива
Извештаите дека папата Фрањо на италијанскиот новинар Еугенио Скалфари кажал дека на разведените и цивилно повторно оженетите ќе им бидат дозволени светите Тајни „во никоја смисла не се доверливи“ и „ не можат да се сметаат за мисли на Папата“ – рече патер Федерико Ломбарди.
Во статијата од 1 ноември на италијанскиот весник Ла Република, Скалфари напишал дека телефонски разговарал со Папата за Синодата за семејството. За време на разговорот Папата наводно му кажал дека прашањето за светите Тајни за разведените во новите врски е препуштено да го процени исповедникот и дека „крајна цел“- било побрзо или побавно – е сите разведени кои тоа го побараат да им бидат дозволени исповед и причест.
Зборувајќи за Национал Кетолик Регистер патер Федерико Ломбарди изјави: „Како што веќе порано се случувало, Скалфари наведува зборови како цитати, кои наводно Папата му ги кажал, но често тоа не одговара на реалноста, бидејќи тој не снима или не ги транскрибира точно зборовите на Папата, како што самиот повеќе пати има кажано. Затоа е јасно дека она што тој го пренесува во последната статија за разведените и цивилно повторно венчатите во никоја смила не е доверливо и не може да се смета за мисли на Папата“. Патер Ломбарди исто така истакна дека нема да објавува изјава за тоа прашање затоа што оние кои ги следат настаните во Италија добро го познаваат начинот на кој Скалфари пишува.
РВ/к.мк