Патер Ломбарди за патувањето на Папата во Бразил

Ватикан, 18.7.2013 /к.мк/ – Во среда 18 јули патер Ломбарди, директор на Канцеларија за печат на Светата Столица, одржа конференција за новинарите, на која зборуваше за патувањето на Папата во Бразил по повод прославата на Светскиот ден на млади. Патер Ломбарди зборуваше за поврзаноста на ова патување на Папата со патувањата на претходниот Папа, посебно за желбата на Папата Фрањо да го посети светилиштето Апарецида, да посети едно сиромашно предградие и седиштето на Советот на Латиноамериканската и Карипска епископска конференција, што претходно не било предвидено. Новинарите беа известени за многу детали, а на располагање им се и други важни информации за самиот Бразил, за црковниот живот, за досегашните Светски денови на млади. Потоа патер Ломбарди детално го објасни значењето на секој поединечен настан, од пречекот на аеродромот, до посебните побожности на Светиот Отец, од местото каде што Папата ќе престојува до личностите со кои ќе се среќава. Станува збор за прво меѓународно паување на Папата, има зголемен интерес не само кај новинарите, туку и кај политичарите како и кај црковните луѓе. (Д.И.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<