По покана на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монс. Киро Стојанов од 18 ноември до 21 ноември 2022 година, митрополитот и надбискуп Врхбосански и Апостолски администратор на Воениот ординаријат во Босна и Херцеговина, монс. Томо Вукшиќ е во пасторална посета на црквата во Македонија.
Ова е прва посета на монс. Вукшиќ на Црквата во Македонија и Скопската бискупија, која е „ad instar“ суфраганска бискупија на Митрополијата Врхбосна, откако ја презеде службата митрополит Врхбосанки.
За време на престојот во Македонија, монс. Вукшиќ ќе претседава со Евхаристиското славење во катедралата „“ во Скопје, а ќе проповеда и за време на литургиското славење во Катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица за верниците католици од источен обред.
Исто така надбискупот Вукшиќ ќе се сретне и со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, како и со членовите на Меѓурелигискиот совет, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и реис – ул- улема Шакир ефенди Фетаи. Предвидена е и средба со амбасадорката на Република Хрватска, г-ѓа Нивес Тигањ, како и посета на Македонскиот Каритас и Радио Марија.