Парохијата Свети Иван Крстител – Струмица започна со божиќната иницијатива „Подари љубов“
Во недела 7 декември 2014 година во парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица официјално започна акцијата „Подари љубов“, која се спроведува под мотото: „Додека имаме време да им правиме добро на сите“ (Гал 5,10).
Парохиската иницијатива „Подари љубов“ се состои од собирање бадникови артикли (ореви, бадеми, лешници, смокви…). За таа цел во црквата има посебно одредено место каде што можат да се остават даровите. Собирањето на божиќните артикли трае од 7 декември до 28 декември 2014 година.
После овој период собраните дарови ќе бидат селектирани, спакувани и подарени пред Бадник на болни, стари и немоќни лица. Во парохијата се формираат групи за посета, а при посетите со нив ќе биде приустен и парохискиот свештеник.
Грижата за болните, старите и немоќните лица е дел од христијанскиот живот, посебно пак во времето на Божиќниот пост. Покрај тоа што се покажува внимание од страна на верниците кон овие лица, исто така е многу важно и за самата парохиска заедница, бидејќи на овој начин таа живее и расте како вистинска црковна заедница – СЕМЕЈСТВО, се истакнува од парохијата.
к.мк/го*ко