Парохискиот Каритас „Свети Иван Крстител“ во посета на пациентите во болницата за неврологија и психијатрија во Струмица
Во пресрет на празник Рождество Христово Парохискиот Каритас при парохијата Свети Иван Крстител – Струмица во вторник 5 јануари 2016 годинана пациентите во болницата за неврологија и психијатрија во Струмица донира бадникови пакети за сите пациенти од одделенијата.
За реазлизацијата на оваа парохиска активност о. Гоце Костов упати посебна благодарност до верниците од парохијата и сите оние кои донираа одредени производи за лицата во потреба, но и сите оние кои со своето време се ангажираа волонтерски во активностите. Својата благодарност ја упати и до ЈЗУ Општа болница Струмица со чија соработка се реализира оваа активност.
Ова акција на Црковниот одбор и волонтерите од Парохискиот Каритас која е насловена „Подари љубов“ се организира втора година. Во првата година беа посетени стари осамени и немоќни лица во нивните домови, додека оваа година акцијата се прошири и за пациентите во болницата за неврологија и психијатрија во Струмица.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
За авторот
Слични написи

Божиќна порака на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија до сиот Божји народ
