Паролин се обрати на самитот на ООН за мигранти и бегалци

На самитот на Организацијата на Обединетите нации за мигранти и бегалци на тркалезната маса за причините за миграција на 19 септември 2016 година говореше кардинал Пиетро Паролин државниот секретар на Светиот Престол.

Кардинал Паролин истакна дека во оваа криза најголем предизвик е токму разбирањето на причината за миграцијата. Денес бројот на раселените и бегалците веќе брои милиони кои ги напуштиле своите домови, семејството и земјата ризикувајќи ги своите животи и животите на своите ближни во потрага по сигурност, мир и подобар живот во странски земји.

Примарна причина за денешната миграциска и бегалска криза е човечката одговорност, предупреди Паролин односно војните и конфликтите. Од таа причина човекот има моќ и одговорност да дејствува по тоа прашање. Затоа Светиот Престол бара заеднички напори на одделни влади и меѓународната заедница за сите конфликти, омраза и насилство да завршат. Светиот Престол останува длабоко уверен со зборовите на папата Фрањо дека единствен начин за решавање на отворените прашања е дипломатијата и дијалогот.

Последните неколку години верските прогони сѐ почесто предизвикуваат раселување, предупредува Паролин и додава дека христијаните се најмногу прогонувани, иако и останатите верски заедници често се мета на прогонот. Прогонот на христијаните во некои делови на светот добива размери на верско-етничко чистење кое папата Фрањо го нарекува облик на геноцид. Некои од прогонетите и во земјите на азил трпат вознемирувања во центрите за бегалци. Ние не смееме да ги напуштиме, нагласи Паролин.

Достапноста до оружјето резултира со ширење на конфликти посебно во земјите и општествата каде владеењето на правото е кревко, а сиромаштвото раширено. Светиот Престол во неколку наврати повикува на строго ограничување и контрола на производството на оружје, потсетува Паролин таму каде што постои голема можност за злоупотреба. Големите количини од секој тип на оружје ја отежнува состојбата на конфликтот и води кон големи човечки и материјални загуби, предизвикува раселување и прогонства и длабоко ги поткопува напорите околу траен мир, нагласува Паролин. Потребна е голема сила и политичка волја за овие проблеми да се решат во корен: сè треба повторно да се преиспита, се зборовите на папата Фрањо од прашањето за трговијата со оружје, трговијата со суровини, изворите на енергија, инвестициите, финансиите и одржливиот развој, проблемот со корупцијата.

Светиот Престол исто така сака да го сврти вниманието на мигрантите раселени заради сиромаштво и уништување на околината. Меѓународната конвенција не ги смета за бегалци, не уживаат посебна законска заштита, но се лесен плен на трговијата со луѓе во различни облици на ропство.

Заради сето наведено, ако сакаме да дејствуваме во коренот на проблемот на миграцијата мораме да ги елиминираме структуралните причини за сиромаштвото и гладта, постигнувајќи конкретни резултати во заштитата на околината, да се обезбеди достоиствена работа за секој, пристап до квалитетно образование и да се овозможи соодветна заштита на семејството, основниот сегмент за развој на поединецот и општеството, заврши Паролин.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот