Папскиот универзитет „Грегоријана“ во Рим понуди теолошки интернетски курс за пандемијата од коронавирусот кој започна на 5 ноември и ќе се одржува до средината на април наредната година.
Курсот се состои од 12 седници и е наменет за медицинскиот персонал, учители, „како и за сите кои во моменталната ситуација бараа смислени одговори“.
„Цел на курсот е отворен и непристрасен дијалог на науката и науката на верата“ – се истакнува од факултетот кој во 1551 година го основа Игнатиј Лојолски. Покрај теолозите од различни специјалности на курсот ќе предава и италијанскиот лекар и истражувач Ернесто Бурџио. Заедно ќе размислуваат што можат теологијата и медицината да се научат една од друга како подобро би се соочиле со глобалната здравствена криза.
Ватикан њуз/к.мк