Папскиот делегат кардинал Пуљиќ ја посети заедницата Мисионерки на љубовта во Скопје

Радоста за величествената литургиска благодарност за дарот на канонизација на Мајка Тереза во Скопе 11 септември 2016 година, продолжи во попладневните часови со посета на сестрите Мисионерки на љубовта од страна на делегатот на Светиот Отец папата Фрањо, врхобосанскиот надбискуп, кардинал Винко Пуљиќ, во придружба на месниот бискуп монс. Киро Стојанов, бискупот од Бања Лука монс. Фрањо Комарица и постулаторот о Брајан Колодејчук.

Пригодната програма која ја подготвија децата штитеници од домот на сестрите со соработниците се одржа во дворот поради земјотресот, но ниту земјотресот можеше да ја одземе едноставноста и радоста на семејното заедништво. Радоста пред несекојдневните гости ја искажаа преку песна, игра и глума, а посебна благодарност е упатена до врховната поглаварка на сестрите Мисионерки на љубовта, с. Марија Према, за домот кој го имаат, најмногу поради љубовта на сестрите.

Следуваше средба на кардиналот со сестрите во манастирската капела, која овие денови со едноставност е свечено уредена. Кардиналот ги охрабри сестрите за нивното секојдневно служење и сведочење и изрази радост за канонизацијата на света Мајка Тереза, чиј живот и служење е пример за наследување и сведочење на верата и ја истакна важноста да се живее како новата светица, со силата од Евангелието

к.мк/дп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот