На Генералната аудиенција во среда 7 април 2021 година папата Фрањо ја посвети катехезата на молитвата и заедништвото на светците. Нашата молитва никогаш не е осамена, нè поврзува со таинствената солидарност со оние што ни претходеа пренесувајќи ни ја верата, рече Папата. Молитвата за другите е првиот начин на кој искажуваме дека ги сакаме.
Кога се молиме, никогаш не го правиме тоа сами. Иако не мислиме за тоа, ние сме нурнати во прекрасната река на повици, кои ни претходат и продолжуваат и по нас – рече папата Фрањо на почетокот на катехезата на Генералната аудиенција, која ја посвети на поврзаноста помеѓу молитвата и заедништвото на светците. Во катехезата на Папата, претходеше воведен дел од Посланието до Евреите кое зборува за првите христијани кои се во од, со поглед вперен во Исус, опкружен со „многу облаци на сведоци“.
Светиот Отец ја истакна постојаната испреплетеност помеѓу личното искуство и искуството на народот и на целото човештво, на кое припаѓаме, изразено во молитвите содржани во Библијата; станува збор за ослободување, прогонства, протерување и моменти на радост како што е средбата на Марија со нејзината роднина Елисавета, испеана во химната на Велича. Во молитвата, тагата на една личност станува тага на сите, а така е и со радоста.
Секојпат кога ќе ги склопиме рацете и ќе му ги отвориме срцата на Бога, ќе се најдеме во друштво на непознати светци и признати светци кои се молат со нас и кои се посредуваат за нас како постари браќа и сестри кои поминале низ човечката авантура, како нашата. Во Црквата нема тага која е осамена, нема солзи што се излеани во заборав, затоа што сите дишат и учествуваат во заедничка благодат – забележа Папата.
Потоа, тој потсети дека гробовите некогаш биле лоцирани во близина на црквите и со тоа како да сака да се покаже дека во секоја Евхаристија на некој начин учествуваат голем број на оние кои ни претходеа. Таму се наоѓа пренесената вера, која сме ја примиле, а со тоа и начинот на молење. Светците сѐ уште се тука, не се далеку од нас – забележа Папата и додаде: Тоа се сведоци кои не ги славиме; не ги славиме овие светци, но длабоко ги почитуваме, кои на илјада различни начини нè упатуваат кон Исус Христос, единствениот Господ и Посредник меѓу Бога и човекот. Светител кој не упатува на Исус Христос не е светец, ниту христијанин. Светителот те потсетува на Исус Христос затоа што тој поминал низ тој пат на живот како христијанин. Светците нè потсетуваат дека и во нашите животи, иако слаби и обележани со грев, светоста може да процвета.
И во последниот момент од животот е можно човек да се преобрати – рече Папата и потсети дека првиот канонизиран светец, кој канонизиран од самиот Исус, бил разбојникот, добриот разбојник. Светоста е пат на животот, средба со Исус, без оглед дали е долга или кратка или само за еден момент.
Повикувајќи се на Катехизмот, папата Фрањо објасни дека светците не престануваат да се грижат за оние што ги оставиле на земјата и дека затоа можеме и треба да бараме од нив да се застапуваат за нас и за целиот свет. Станува збор за „таинствена солидарност“ во Христа меѓу нас и оние кои претходеа на нас. Ние ја доживуваме оваа молитвена врска помеѓу нас и светците, односно меѓу нас и луѓето кои ја достигнаа полнотата на животот, таа поврзаност на молитвата ја чувствуваме веќе тука, во земниот живот; се молиме едни за други, бараме и принесуваме молитви.
Првиот начин да се молиме за некого е да разговараме со Бога за него или неа. Ако го правиме ова често, секој ден, нашето срце не се затвора, останува отворено за браќата. Молитвата за другите е првиот начин со кој покажуваме дека ги сакаме и нè поттикнува за конкретна близина – рече Папата и додаде: И во моменти на конфликт, еден од начините да се реши, да се ублажи е да се молиме за личноста со која сме во конфликт. И со молитвата нешто се менува. Првото нешто што се менува е моето срце, моето однесување. Господ го менува за да овозможи средба, нова средба и да избегне конфликтот да стане војна без крај.
Многумина од нас се крстени со името Марија, на некој светец или светица и ова не е без смисла – забележа Папата и истакна: Тие само чекаат да ни помогнат. Ако во нашите животи искушенијата не достигнале кулминација, ако сме сè уште способни за истрајност, ако и покрај сѐ со сигурност одиме напред со доверба, можеби сето ова, не е поради нашите заслуги, туку се должи на застапништво на многу светци; некои на небото, а други на земјата како нас, кои нè штитат и следат, за да знаеме сите дека овде на земјата има свети мажи, свети мажи и жени кои живеат во светост; тие не го знаат тоа, ниту ние го знаеме, но има светци, секојдневни, скриени светци или, како што милувам да кажам, „светци од соседството“, оние кои живеат со нас во животот, кои работат со нас и имаа свет живот – истакна Светиот Отец на крајот од катехезата.
Ватикан њуз/к.мк