Примајќи ги учесниците на генерално собрание на Конгрегацијата за наука на вера, папа Фрањо говореше за неповредливоста на вредноста на човечкиот живот, за грижата за болните во критичните и терминалните моменти од животот, и истакна дека е потребно повторно пишување на „граматика“ за преземање одговорности и грижа за лицата кои трпат
Денешното општество постепено ја губи свеста за тоа што го прави драгоцен животот – предупреди папата Фрањо говорејќи им на учесниците на генералното собрание на Конгрегацијата за наука на вера, посветени за грижа за луѓето во критичните и терминални моменти од животот. Станува збор за контекстот во кој токму животот се вреднува само во име на користта – истакна Папата – а не се исполнуваат ни премногу потребните дожности за солидарност и братство.
Папата посебно се осврна на терминално болни луѓе и предупреди дека итно е потребно да се преобрати погледот на срцето, во светлост на сомилоста. Го истакна доброто кое го прават институциите каде се применува „терапија на достоинство“ и поттикна истрајно да се продоложи размислувањето за промена на одребата „delicta graviora“ (тешки казнени дела), содржани во Мото проприо на Иван Павле II „Sacramentorum sanctitatis tutela“, за да се продолжи да се оди на патот на транспарентноста и почитувањето на достоинството на најмалите.
Неповредлива вредност на животот
Отфрлен живот, недостоен живот зашто не одговараат на мерката на корисност. Денешното општество го користи тој критериум и го губи она што човечкиот живот го прави драгоцен – објасни Папата. Во тој губиток на вистински вредности не ги исполнуваат ниту премногу потребните должности на солидарност и човечко и христијанско братство. Општеството, всушност, заслужува назив „цивилизирано“ ако развива антитела против културата на отфрлање; ако ја препознае неповредливата вредност на животот, ако солидарноста живее делотворно и ако се чува како темел на соживот – забележа папа Фрањо.
Христијанска наука, динамична вистинитост
Заблагадуравјаќи на Конгрегацијата за наука на верата за служењето на Црквата, Папата истакна дека верата бара да се води сметка за нејзиниот примател, да се запознае и конкретно да љуби. Христијанската наука не е крут состав затворен во себе, но не и ниту идеологија која се менува со минување на времето; туку е динамична вистинитост која, останувајќи верна на своите темели, се обновува од поколение во поколение и е сумирана во едно лице, едно тело и едно име – воскреснатиот Исус Христос.
„Граматика“ на грижливост
Освртувајќи се на моментот кога болеста тропа на вратата на нашиот живот, Папата истакна колку е важна сомилоста, „рефрен“ на евангелието – како што рече – и присутностана некој кој нѐ држи за рака, Добар Самаријанин, „човечка платформа на односи“ која отвора надеж, балсам за ублажување на малодушноста и духовната тешкотија. Немојте никогаш никого да го напуштите во случај на неизлечливи болести – истакна Папата. Поради своето вечно одредиште, човечкиот живот ја задржува сета своја вредност и сето свое достоинство во било какви прилики, исто така во неизвесности и слабости и како таков секогаш е достоен за најголема почит.
Темтаа за грижа на болните, во критичните и терминалните моменти од животот, е поврзана со задачата на Црквата повторно да напише „граматика“ за преземање одговорност и грижа за личноста која трпи. Пример е Добриот Самарјанин кој нѐ учи дека е потребно да го преобратиме погледот на срцето, зашто оној кој гледа често, не гледа. Зошто? – праша Папата и веднаш објасни: Зашто нема сомилост. Без сомилост, оној кој гледа не се чувствува вклучен во тоа што го гледа и оди понатаму. Напротив, оној кој има сомилосно срце сцената го трогнува и обзема, и он застанува и ја презема грижата.
Терапија со достоинство
Кој на патот на животот запалил само едно светло во нечиј мрачен момент, не живеел залудно – рече папа Фрањо и ја спомена света Мајка Тереза за да го опише стилот на близина и солидарност со кој умирањето се прави човечко. Тоа е важна задача која денес ја извршуваат таквите институции. Мислам на тоа колку добро прават центрите за палијативна нега, во кои на терминално болни луѓе им се пружи квалиификувана медицинска, психолошка и духовна поддршка за го проживеат достојно завршниот дел од својот земски живот, утешени со близината на своите драги – рече Папата и изрази надеж дека таквите центри и понатаму ќе бидат место на кое се практикува „терапија со достоинство“, негувајќи ја така љубовта и почитувањето кон животот.
Прецизност и транспарентност
Изразувајќи задоволство од размислувањето кое Конгрегацијата за наука на верата ја поттикна во врска со ревизијата за одредбите за тешките казнени дела, од мото проприо „Sacramentorum sanctitatis tutela“, Папата ги поттикна присутните одлучно и понатаму да ја извршуваат таа задача за да дадат важен придонес на подрачјето на кое Црквата директно е повикана да продолжи строго и транспарентно да ја штити светоста на тајната и повреденото човечко достоинство, посебно на најмалите.
Ватикан њуз/к.мк