Папата: Џими Картер беше човек на помирување и застапник на човековите права

Папата: Џими Картер беше човек на помирување и застапник на човековите права

Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Паролин, папата Фрањо изразува сочувство за смртта на поранешниот американски претседател, кој почина на 29 декември 2024 година на 100-годишна возраст: бил мотивиран од длабока христијанска вера, се посветил на благосостојбата на сиромашни и оние во потреба. Во САД 9 јануари е прогласен за ден на национална жалост

Помирување и мир меѓу народите, заштита на човековите права и благосостојба на сиромашните и оние во потреба – во тоа папата Фрањо го препознава највисокото значење на политичките и институционалните активности на Џими Картер, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави кој почина во недела, 29 декември, во својот дом во Плаинс, во Џорџија, на 100-годишна возраст, која ја прослави на 1 октомври.

Најважните моменти

Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин, папата Франциско ја нагласува длабоката христијанска вера на 39-от американски претседател како извор на неговото делување, кој во 2002 година му ја донесоа Нобеловата награда за мир. Картер положи заклетва како претседател на 20 јануари 1977 година, откако го победи претседателот Џералд Р. Форд на изборите во 1976 година. Крунски скапоцен камен на неговите дипломатски активности беа преговорите спроведени во Кемп Дејвид за ставање крај на арапско-израелскиот конфликт, потврден на 17 септември 1978 година со историското потпишување на мировниот договор во Белата куќа меѓу египетскиот претседател Садат и израелскиот премиер Бегин.

Бајден: „Извонреден лидер“

Во тешката клима на Студената војна, претседателството на Картер се издвои и за она што тогаш се нарекуваше детант, како што е продолжувањето на дијалогот меѓу САД и СССР за ограничување на стратешкото оружје. Во 2002 година, тој беше првиот поранешен претседател што ја посети Куба и се сретна со Фидел Кастро, пркосејќи му на ембаргото. Истата година ја доби Нобеловата награда за неговата посветеност за човековите права и на облиците на маргинализација воопшто. По тој повод од комисијата за доделување на наградата изјавија дека неговото дело ќе се памети уште повеќе од 100 години.

Претседателот Бајден го прогласи 9 јануари за ден на национална жалост: „Америка и светот изгубија извонреден лидер“.

Ватикан њуз/к.мк

https://www.vaticannews.va/hr/papa/news/2024-12/papa-franjo-brzojav-sucut-jimmy-carter.html

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот