Папата ќе служи света Литургија за убиениот свештеник о. Хамел

Папата Фрањо во среда на 14 септември 2016 година во домот Света Марта ќе служи света Литургија со членовите на семејството на Жак Хамел свештеникот од Франција кој го убија исламистичките терористи за време на светата Литургија во градот Сент Етјен ди Рувре (Saint-Etienne-du-Rouvray).

На светата Литургија со Папата ќе концелебрира и надбискупот на Руен, Доминик Лебрун, а на светата Литургија ќе учествуваат и 80 поклоници од неговата бискупија. Светиот Отец сака после нападот во Руен со оваа света Литургија задушница да ја изрази својата близина со семејството на свештеникот и Католичката црква во Франција. Додаваме дека светата Литургија директно ќе ја пренесува ватиканската телевизија CTV.

Нападот се случи на 26 јули 2016 година за време на светата Литургија: додека о. Хемел заедно со петтмина верници служел света Литургија во црквата упаднале двајца припадници на т.н. Исламска држава и на 86 годишниот свештеник му ја отсекле главата. Тоа е прв пат во Европа исламистичките терористи да напанат духовна личност. Тој настан силно го потресе градот Сент Етјен ди Рувречии жители исклучително го ценат меѓурелигискиот дијалог за што сведочи и тоа дека Католичката црква на исламската заедница на тој град и дарувала земјиште за да изгради џамија која е отворена во 2000 година.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот