Во петок, на 14 јуни 2024 година, во Апостолската палата во Ватикан папата Фрањо ќе се сретне со комичари од различни делови на светот. Ова го соопшти организаторот на средбата, Дикстеријата за образование и култура и комуникациски прашања, истакнувајќи дека настанот има за цел да воспостави врски меѓу Католичката црква и комичарите.
Во соопштението се наведува дека средбата на Светиот Отец со комичарите од светот има за цел да ја слави убавината на човековата различност и да ја поддржи пораката за мир, љубов и солидарност, а исто така ветува дека ќе биде важен момент на меѓукултурен дијалог и меѓусебна размена на радост и надеж.
Папата Фрањо го препознава големото влијание кое комедијата го има во светот на модерната култура. Благодарение на хумористичниот талент и обединувачката вредност на смеата, денес се нудат уникатни размислувања за човечката состојба и историската ситуација. Згора на тоа, комедијата може да придонесе за формирање на почувствителен и сочувствителен свет.
Ватикан нуз/к.мк