Папата ќе патува на Светската средба за мир во Асизи
20 септември папата Фрањо повторно ќе го посети градот Асизи, во областа Убрија. Папата таму ќе присуствува по повод завршната средба на Светскиот молитвен ден за мирот, организиран од страна на заедницата Свети Егидиј”, на тема „Жед за мир. Религии и култури во дијалог”.Иницијативата се одржува 30 години по историскиот молитва ден за мир, прогласен од Свети Иван Павле II на 27 октомври 1986 година.
Покрај другите, ќе учествуваа и Големиот имам на исламскиот универзитет Ал Азхар, Ахмед ал Тајеб, Вселенскиот патријарх на Вартоломеј I и поглаварот на Англиканската црква, архиепископот Џастин Велби. На средбата се очекува да присуствува и италијанскиот претседател Матарела.
За бискупот од Асизи учеството на папата Фрањо не беше сигурно. Сепак преку еден телефонски разговор со бискупот Доменико Сорентино Папата објасни дека тој сепак ќе учествува на средбата.
„Мора да истакнам, дека телефонскиот повик во четвртокот многу нѐ израдува Нормално ние се надевавме, дека сепак ќе учествува, а нашата желба веќе од порано му ја искажавме“, рече бискупот Сорентино. Средбата пред 30 години беше „пророчки знак“, а таа во овие времиња многу одговара, додаде бискупот од Асизи во разговор за Радио Ватикан. „Сепак оваа средба нема да биде потсетување, туку ќе даде допринес за мирот во денешно време“ – истакна бискупот Сорентино.
Епископите од област Умбрија со голема радост ја примија веста за повторната посета на папата Фрањо на Асизи. Веста пристигна само неколку недели по поклонението на папата Фрањо во Порциункула. Тие ја изразуваат благодарноста кон Светиот Отец за оваа негова приврзаност кон земјата на свети Бенедикт од Нурсија и на свети Фрањо од Асизи, истовремено објавија дека заедно со верниците на осумте бискупии од Умбрија, ќе возвратат со посета во Рим по повод годишниното поклонение на претстојниот 22 октомври.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк