Папата ќе ги посети војните гробишта во Редипулија по повод 100 години од Првата светска војна

Канцеларијата за печат при Светиот Престол ја објави програмата за посетата на папата Фрањо на местото Редипулија на 13 септември 2014 година по повод 100 годишнината од почетокот на Првата светска војна.

На тој ден Папата ќе полета во 8.00 часот од римскиот аердром Чијампино и за 50 минути ќе пристигне на аеродромот Рончи деи Легионари. Во 9.15 часот Светиот Отец ќе се упати кон австроунгарските гробишта во местото Фолијано ди Редупилија, каде пред главниот споменик ќе се задржи во молитва. Во 10.00 часот ќе служи света Миса во војната капела во Редипулија и на крајот ќе се моли посебна молитва за загинатите и за жртвите од сите војни. Во 12.00 часот е предвидено враќање во Рим.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот