Папата Фрањо упати честитка до италијанскиот дневен весник „Il Messaggero“ по повод 145 години од основањето. Во јубилејот 2025 година Папата гледа момент за повторно разгорување на надежта за побратски свет
„Повторно, за време на јубилејната година, вечниот град ќе стане централна точка од која ќе се пренесе христијанската порака во светот, разгорувајќи надеж и нов поттик за градење побратско општество. Ова го напиша папата Фрањо во честитката до римскиот дневен весник „Il Messaggero“, кој одбележува 145 години од неговото основање. Во честитката Папата ја истакнува важноста на претстојната јубилејна 2025 година, која „одблиску ќе влијае градот Рим, но на Европа и целиот свет“.
Јубилејот е посебна година на благодат за верниците, а Папата напомена дека ќе им понуди надеж, утеха и повторно раѓање на многубројните поклоници кои се очекуваат да дојдат во Рим по тој повод.
Помирување и братство
Светата година нема да биде едноставно „религиозна пракса сама по себе“, објаснува Светиот Отец, туку „процес кој потекнува од поединци и ги вклучува сите меѓучовечки односи, со намера да се промовира визија за поправедно и побратско општество во кое грешките и недостатоците се простуваат, на оние кои згрешиле им се помага да се опорават и правдата е обновена, со што се поттикнува помирувањето меѓу земјите и градење на пообединет и похуман свет“.
Јубилејната година има „значење, кое не е исклучиво религиозно, туку подразбира и етичка, морална, социјална и културна преродба“. Настан кој може да ги залечи раните предизвикани од неправдата и разните форми на насилство“. Таа има моќ да ја „надмине економската нееднаквост и дискриминација и да создаде колективна клима на доверба и надеж, иницирајќи процеси на целосен човечки развој, со посебно внимание на оние кои се најкревки и најранливи“.
„Тоа е година во која треба да дадеме тело и облик на библиската тема „ослободување“.
Ослободување во сите негови антрополошки и социјални аспекти, повикувајќи ги верниците „да преземат дејства и патишта кои се способни да ги ослободат луѓето, градовите, нациите и луѓето од сите форми на ропство и деградација“.
Вистина наспроти лажни вести
Завршувајќи ја својата порака со посебна мисла за римскиот весник, папата Фрањо посочи дека издаваштвото продолжува да биде референтна точка за новинарството и информациите: „Вашата работа сакам да ја поттикнам и промовирам, а посебно поради нејзината етичка димензија, затоа што се наоѓаме во општествено и културно време во кое е сè потешко се разликува вистината од лажните вести“.
Ватикан њуз/к.мк