Во понеделник 28 септември 2020 година папата Фрањо во аудиенција ја прими амбасадорката на Европската унија при Светиот Престол, Александра Валкенбург – Релофс – соопшти канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Д-р Валкенбург – Релофс се обрти на Светиот Отец на течен шпански јазик при што му ги предаде акредитивните писма. Папата Фрањо пак на новата амбасадорка ѝ подари документи кои се издадени за време на неговиот понтификат.
Новата амбасадорка на ЕУ при Светиот Престол е родена на 1 јули 1970 година во Реден, Холандија. Мажена е и има три жерки. Има дипломирано јапонологија во 1993 година на Универзитетот Ерасмус во Ротердам. На истиот универзитет докторира по економија.во 1995 година
Ватикан њуз/к.мк