Папата Фрањо на Велики Четврток ја предводеше Миса Вечера Господова во базиликата Свети Петар во Ватикан, одавајќи посебно признание на свештениците кои служат на заболените од коронавирусот.
На Велики Четврток, Папата не служеше заедно со римските свештеници света Литургија за посвета на елеј, која ќе ја служи кога ќе заврши пандемијата. Последните години папата Фрањо, ниту Мисата Вечера Господова не ја служеше во ватиканската базилика, туку на пример со затвореници или бегалци.
Оваа пак година Мисата Вечера Господова, на која се спомнува основањето на Евхаристијата, Папата служеше и без традиционалниот обред на миење нозе и без свечен пренос на Пресветата Олтарска Тајна. Со Папата служеа мал број луѓе, а меѓу останатите беа хорот на Сикстинската капела и архисвештеникот на базилика Свети Петар, кардиналот Анџело Комастри. Литургијата беше сепак свечена.
Папата во спонтаната проповед истакна три збора за три реалности кои се важни за Велики Четврток: Евхаристија, служење, помазание. Исус сака да остане со нас во Евхаристијата – истакна Папата, и ние се претвораме во негова дарохранителница. Исус дури кажува дека ако не го јадеме Неговото Тело и не ја пиеме Неговата Крв нема да влеземе во Царството небесно. Но, за да влеземе во Царството небесно исто така е неопходно служење.
Гестот на миење нозе значи на сите да им се служи за да се влезе во Царството небесно, рече Папата, додавајќи дека Исус му дал до знаење на Петар дека мора да дозволиме Господ да ни служи за да влеземе во Царството небесно, што е тешко да се разбере.
После тоа, Папата се задржа на свештенството, кажувајќи дека денес сака да биде блиску до сите свештеници. Со сите од првиот до последниот – рече, сите сме помазани од Господ, помазани за да ја служиме Евхаристија и за да служиме. Папата посебно мислеше на свештениците слуги, истакнувајќи дека овие денови во Италија починаа повеќе од 60 свештеници затоа што во пандемијата им служеа на болните, лекарите и волонтерите. Тие се светци меѓу нас, свештениците кои служејќи го дале својот живот, рече Папата Всушност според пишувањето на медиумите веќе стотина свештеници починаа од коронавируст во цела Италија посебно многу во бискупијата Бергамо.
Папата зборуваше за свештениците кои далеку патуваат за да го навестат Евангелието и умираат во далечина. „Никој името не им го знае. Анонимни свештеници. Потоа паросите кои ги познаваат парохјаните. Еднаш еден свештеник ми рече: „Го знам по име секој во оваа село, знам дури и кучињата како се викаат.“ Ревносни свештеници, денес ве носам во срцето“, рече Папата.
Се осврна и на наклеветените свештеници во случаи на сексуална злоупотреба и заради навредите повеќе не се осудуваат да излезат на улица, а сепак продолжуваат да служат. Ги спомна и грешните свештеници, меѓу нив вбројувајќи се и себе, како и свештениците во криза.
„Сите вие сте браќа свештеници денес со мене кај олтарот. Не бидете тврдоглави како Петар дозволете да ви ги измијат нозете. Господ е ваш слуга – Он ви е блиску и ви дава сила“, им порача Светиот Отец на свештениците. Ги повика да не се плашат да простуваат. Понекогаш сме во двоумење, но само треба да се загледаме во Христос и да бидеме храбри. Простувајте сè, ризикувајте малку, повика Папата. Ако не можете да ја поделите светотаинската прошка тогаш барем пружете утеха. „Му благодарам на Господ за вас свештениците. Исус ве сака и ве моли само да Му дозволите да ви ги измие нозете, им порача Папата на свештениците.
Ватикан њуз/к.мк