Папата ја посети сиромашната населба во Асунсион
Неделата 12 јуни Светиот Отец ја зпаочна со посета на сиромашната населба во Асунсион, наречена Бањадо Норте, каде Црквата и државата вложуваат големи напрор за подобрување на условите за живот на населението. Бањадо Норте се наоѓа на бреговите на реката Парагвај, каде во лоши услови живеат повеќе од 100 илјади луѓе. Во тој сиромашен крај, богат со кал и прашина, Црквата и државата, посебно исусовците, со разни активности се обидуваат да ги олеснат страдањата на сиромашните луѓе. Многу куќи се обоени со бела боја, по улиците се виорат ватиканските знамиња, а ѕидовите се украсени со детски цртежи и пораки.
Папата посети две семејства, во едното проба од познатата парагвајска супа, а во другото пиеше чај од мате. Потоа ја посети капелата посветена на Свети Иван Крстител, која е во склоп на игралиштето, кое може да прими повеќе од две илјади луѓе.
РВ/го*ко