Папата ја посети римската парохија Свети Јосиф
Молитва, благодарност за примените дарови и помагање на ближниот во потреба се трите начини како да се живее радоста на Божиќ кој доаѓа – резиме на пораката на Папата при посета на парохијата Свети Јосиф во Рим на 14 декември 2014 година. Пред Литургијата Светиот Отец се сретна со различни групи верници: деца, болни, семејства чии деца ова година се крстени. Со деца од кои некои се подготвуваат за Прва света Причест, сподели и некои спомени од своето детство; за учењето на катехизмот и својата средба со Исус во Првата Причест пред 70 години:
„Вие кои ќе примите Прва Причест секогаш сеќавајте се на тој ден, за цел живот: првиот ден кога Исус ни дојде“, рече Светиот Отец на првопричесниците. „Он доаѓа да стане еден од нас, станува наша храна… за да нè зајакне. И не ги заборавајте катехистите… Кога сестрата која мене ме подготвуваше умре – продолжи Папата – многу молев покрај нејзиниот ковчег, бидејќи таа сестра ме приближи до Исус.
На средбата со болните Папата им рече дека без нив „Црквата не може да оди напред“ бидејќи тие се нејзината сила, а пред славењето на светата Литургија, Папата исповеда пет парохјани. Во проповедта зборуваше за заедниците собрани во Црквата, потсетувајќи на длабокото чувство на радост по повод Божиќ, што е во „Радоста на Божиќ е лична радост: но не е радост само за денот Божиќ, туку за целиот христијански живот. Тоа е мирна, спокојна радост; радост која секогаш ги следи христијаните.“ Дури и во тешките моменти, истакна Папата „таа радост дава мир“.
„Апостол Павле на Солунјаните им вели: Браќа секогаш радувајте се. Но како можам да бидам радосен?“ праша Папата и одговори: „Христијанската радост ја пронаоѓаме во молитвта, произлегува од молитвата и благодарноста на Бог.“ Ставот на неблагодарност и постојано барање на нешто на што би се пожалиле не е христијански, бидејќи тоа го покажува недостатокот на мир, нагласи папата Фрањо. „Светците никогаш немале лице како да се на погреб: никогаш! Секогаш имале радосно лице или барем во страдањата мирно лице“. Исус и во најтешките страдања имал такво мирно лице и мислел на другите, се грижел за другите, рече Папата.
Затоа повтори Светиот Отец повеќе пати дека животот со радост се состои во молитвата, во благодарењето за примените дарови и размислувањето како да донесеме мир на оние во потреба. Ние сме христијани, а тој назив доаѓа од зборот Христос, што значи Помазаник – потсети. И ние сме помазани за да ја навестуваме Радосната вест на угнетените, да ги лекуваме скрушените срца, би прогласиле година на Господовите милости. „Тоа е Христовото звање тоа е и звањето на христијаните; да одеш кај другите, кои се во потреба: без разлика дали за материјано, дали за духовна потреба“, заврши на крајот папата Фрањо.
РВ/Д.И.