Папата ја посети Папската црковна академија

Папата ја посети Папската црковна академија

Дипломатската служба на Светиот Престол, животот на Црквата и состојбата на денешниот свет – се темите кои беа во центарот на приватната средба на папата Фрањо и заедницата на Папската црковна академија.Во текот на разговорот со членовите на заедницата Светиот Отец укажа на три темелни димензии на папската дипломатија: конструктивна, духовна и свештеничка.

Осерваторе Романо соопшти дека Папата во четвртокот, на 3 мај во попладневните часови приватно ја посетил Папската црковна академија. Притоа ја предводел Вечерната молитва и разговарал со членовите на заедницата кои моментално ја сочинуваат 35 свештеници. Тие поминуваат посебна формација за пасторална служба во апостолските нунцијатури и мисиите на Светиот Престол во целиот свет.

Дипломатија на колена

Папата Фрањо за време на отворениот дијалог истакнал дека претставниците на Светиот Престол се повикани на дух на дијалог, посредување, средба и проактивна отвореност во сите насоки. Работата која се одредува како „дипломатија на колена“ а кои мора да ја пронаоѓа својата сила и храна пред сѐ во молитвата. Работата која ја извршуваат папските претставници за да промовираат помирување и единство, често во проблематични и непријатни ситуации, сигурно не е лесна. Од таа причина потребна е добра формација. Светиот Отец нагласи дека таа мора да се заснова на четири столбови, а кои важат за секој свештеник: духовно, интелектуално, пасторално и заедништво.

Дијалог за различни теми

Во текот на неформалната средба Папата и членовите на заедницата разговараа за различни теми: за следната панамазонска синода; за чувствителната тема на сексулна злоупотреба на малолетници; за односите со другите христијански конфесии како и со другите религии; за синодалната димензија на Црквата и за улогата на римскиот епископ; и на крајот за ситуациите во кои Црквата живее во различни делови на светот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот