Папата ја посети базиликата Света Марија Велика

Во среда, 1 јануари папата Фрањо во потполна приватност ја посети базиликата Света Марија Велика, каде пред иконата на Богородица – спас на Римскиот народ се задржа дваесетина минути во молитва.

Во проповедта на празникот Пресвета Богородица, кој се слави на 1 јануари папата Фрањо изрично ја спомена баиликата Света Марија Велика и Богородичната икона, кон која негува голема побожност. Веќе во неколку прилики Светиот Отец доаѓа да се моли пред оваа икона. Во базиликата имаше многу верници, кои беа многу изненадени и радосни што го видоа Папата, но исто така покажаа и голема почит додека тој се молеше.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот