Папата ја изразува својата близина со погодените од експлозијата во пристаништето во Бејрут

Папата ја изразува својата близина со погодените од експлозијата во пристаништето во Бејрут

Вчера, 3 август 2025 година, во Бејрут, во непосредна близина на местото на трагедијата од 4 август 2020 година, се одржа бдение за да се одбележи петгодишнината. Во текот на вечерта беше прочитана порака од Лав XIV, во која Папата го увери либанскиот народ во својата близина. Надбискупот Боргија рече: „Семејствата на жртвите имаат потреба од правда и вистина за тоа што се случи. Смртните случаи сè уште остануваат необјаснети, а тоа е тешко за целата земја.“

Сведоштва, сеќавања, марш, посадување на 75 дрвја со имињата на жртвите. Со солзи и молитви, Либан ја одбележа петтата годишнина од експлозијата во пристаништето Бејрут на 4 август 2020 година. По пет поминати години, 245 мртви и 6.000 повредени раната и понатаму е отворен, уште едно тешко искушение, покрај војните, економските и политичкире кризи и социјалната несигурност, за Земјата на кедрите.

Земја сакана од Папите: од Иван Павле II, кој ја нарече „порака“, до Фрањо, кој пред една година, во август, посака да прими група роднини на жртвите од трагедијата во пристаништето. Сега папата Лав, во порака потпишана од кардиналот државен секретар Пјетро Паролин, уверува дека солзите на Христос „се придружуваат на страдањето на нашите најблиски“. „Смртта нема и никогаш нема да го има последниот збор“, наведува Папата, уверувајќи го либанскиот народ за неговата наклонетост и на целата Црква. Папата Лав „сака уште еднаш да го изрази своето сочувство кон сите оние чии срца се ранети или кои изгубиле сè поради оваа катастрофа. Саканиот и напатен Либан останува во центарот на неговите молитви“, стои во пораката.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот