Папата ја започна својата посета на Калабрија
Папата Фрањо на 21 јуни 2014 година ја започна својата дванаесет часовна посета на Калабрија со посета на затворот Кастровилари, каде што утрово околу 9.00 часот слета неговиот хеликоптер. Овде меѓу останатите го пречека месниот епископ Нунцио Џалатино, кој Папата во декември 2013 година го именува за генерален секретар на Италјанската бискупска конференција.
Пред околу 200 затвореници и вработени во затворот во местото Кастовилари, Светиот Отец ја истакна потребата за поголемо заземање во ресоцијализацијата на затворениците. Настојувањата за создавање на хумани услови во затворите мора да бидат следено со конкретно заземање за успешно вклучување во општеството на затворениците кои ја издржале казната. Во спротивно затворската казна ќе биде само обично средство за казнување кое ќе резултира со повторно враќање во затвор, што им штети на осудениците, но и на самото општество, предупреди Папата. Со својата посета на тој затвор сака да ја изрази својата и близината на Црквата на секоја жена и маж во сите затвори во светот, истакна Папата.
Тпј додаде дека ресоцијализацијата на затворениците не е само општествено-политичко прашање, туку има и верска димензија. Станува збор и за средба со Бог кој може да го разбере човечките гревови и да ги прости. Бог е стручњак за ресоцијализација, Тој го зема човекот за рака и го враќа во општеството, истакна Папата. Се сретна кратко и со семејствата на децата кои на почетокот на годината ги уби калабриската мафија.
Денес Папата меѓу останатото, на ручек ќе биде во богословијата во Касано на Јонското Море со сиромашните и инвалидите, ќе ги посети католичките болници, ќе се сретне со клерот во катедралата, а централна точка на посетата е Литургијата на отворено во попладневните часови.
Со посетата на Калабрија, четвртото патување во внатрешноста на Италија, папата Фрањо останува верен на своето гесло: најпрво периферните подрачја. По Лампедуса и Сардинија, единствено исклучок направи со ходочастието во Асизи во октомври.
„Едно патување на Папата не е доволно за Калабрија да се спаси, но може да биде повик за вложување на заеднички напор и користење на сопствените сили за создавање на подобра иднина на регионот“, рече епископот Џалантино во пресрет на посетата на Папата.
РВ/Д.И.