Папата ја заврши својата апостолска посета на Колумбија

Папата ја заврши својата апостолска посета на Колумбија

Папата ја заврши својата апостолска посета на Колумбија и во Рим пристигна на 11 септември 2017 година, кратко пред 13 часот според локално време.

Светиот Отец по враќањето се упати во базиликата Света Марија Велика за да ѝ се заблагоради на Блажена Дева Марија. Додаваме дека за време на летот Папата во твитер-пораката ја спомна срдечноста на колумбијскиот народ: „Драги браќа и сестри Колумбијци, ви благодарам! Сретнав многу луѓе кои го трогнаа моето срце. Ми направите многу добра!“

Но, активноста на Папата на Твитер не беше ограничена на таа твитер порака, туку со своите следбеници подели две кратки размислувања во кои ја објасни врската помеѓу љубовта и вистината и што значи да се направи првиот чекор. Во првата порака напиша дека љубовта ни помага да ја спознаеме вистината, а вистината пак бара дела на милосрдието. Во втората порака истакна дека да се направи првиот чекор знали пред сè да се оди во пресрет на другите со Христос Господ.

РВ/к.мк

Категорија: Вести

За авторот